Две лица беа убиени при синоќешните протести во Венецуела

Од:

Две лица беа убиени синоќа во Венецуела за време на антивладините протести, пренесува БТА.

Досега, при протестите против венецуелскиот претседател Николас Мадуро се убиени 23 лица.

Извор од венецуелското обвинителство наведе дека новите жртви се од градовите Баринас и Мерида, што се наоѓаат во западниот дел на земјата.

Двајцата биле застрелани, додека протестирале мирно.

Уште седум лица се ранети, од кои шест се во критична состојба, додаде изворот.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски