Интензивирана изградбата на Пречистителната станица во Струмица

Од:

Привршуваат градежните работи во изградбата на Пречистителната станица во Струмица и наскоро ќе почне монтирање на дел од опремата, информираат од општината.

Овој проект е во согласност со националното и ЕУ законодавството и со третманот на отпадните води од градот Струмица и околните населени места Баница, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Дабиле, Муртино, Просениково и индустриските зони кои гравитираат кон Струмица, и покрај заштитата на животната средина со неа се постигнува исполнување на барањата поврзани со пристапување на земјата кон ЕУ, потенцираат надлежните.

Парите се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош ИПА – Компонента III – Регионален развој со вкупен буџет од 6.581.787,00 евра.

– Општина Струмица од сопствени средства во буџетот учествува во кофинансирање на проектот со финансирање на експропријацијата на земјиштето, изведба на водоводна линија, финансирање на ревизија на основниот проект и проектот за колекторскиот систем, отстранување на еден од постојните објекти кој не се вклопи во новиот дизајн на објектот, изработка на сите потребни геодетски елаборати како и со целокупен ангажман на општинската администрација и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во подготовка на техничката документација на проектот, рече Александар Чеботарев раководител на работната единица за имплементација на проектот.

Во фазата на подготовката на техничката документација, општината активно соработувала со меѓународната консултантска компанија NIRAS обезбедувајќи ја целокупната административна поддршка.

Објектот се гради на површина од 55.000 метри квадратни и ќе опслужува 53.419 жители. Според планираната динамика на изведба и правилата на ИПА програмата, објектот треба да биде готов до 21 октомври 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите