Во Штип се собираат потписи за поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Од:

Здруженијата на децата со посебни потреби во текот на викендов собрале над 20.000 потписи од граѓаните за законски измени, информираше на денешната прес-конференција Зоран Мијалков од Здружението „Сплотени срца“-Штип.

Родителите на децата со посебни потреби од денеска на Градскиот плоштад во Штип собираат потписи за поддршка за да им се исполнат барањата меѓу кои квалитени испитувања, терапии, отварање на дневни центри, стручен кадар и сместување на возрасните лица со посебни потреби по смртта на нивните родители.

– Потписите почнавме да ги собираме од 10 часот, и еве гледате дека само за половина час имаме собрано над 500 потписи. Вакви пунктови имаме во сите градови во земјава. Во Македонска Камениоца само синоќа за неколку часа се собрани над 600 потписи, вели Мијалков.

Родителите на децата со посебни потреби очекуваат да соберат над 150.000 потписи од граѓаните, кои потоа ќе ги достават до ресорните Министерства.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски