Општина Штип ги повика земјоделците да ги пријават штетите од студот

Од:

Општина Штип денеска ги повика граѓаните кои имаат претрпено штети на земјоделските култури како последица на ниските темперетури да ги пријават штетите во општината. Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов вели дека земјоделците штетите на земјоделските култури можат да ги пријавуваат од денеска до петок.

– Пријавата може да се подигне од Центарот за информирање на граѓани на шалтер број 1, кое потоа се пополнува и се доставува до архивата на општината. Освен пријавата, потребно е да се достави и копии од лична карта, транскациска сметка, документ за сопственост и изјава за неосигурен имот. Комисијата веќе од утре, по доставување на првите пријави ќе излегува на терен и ќе уврши увид. Рокот за пријавување е од денес до петок, но општината ќе овозможи доставување на пријавите најдоцна до идниот вторник за оние што имаат потреба од повеќе време за да си ја комплетираат документацијата, рече Ристов.

Комисијата за проценка на штети е формирана во 2009 година од страна на Советот и при секое невреме излегува на лице место и прави увид во поднесените пријави за штета. Според процедурата, комисијата изготвува елаборат и го доставува до Советот, кој по усвојување се испраќа на разгледување и одлучување до Владата на Р. Македонија.

Би можело да ве интересира

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип