(ВИДЕО) Павлески: Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ за три недели ја носи државата во хаос

Од:

„Мора веднаш да прекине неразумното однесување на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Овие неодговорни луѓе преку закани за насилство го блокираат целиот државен систем, што за три недели би се прекршило врз егзистенцијата на граѓаните со хаос во државата. За три недели, на 15 мај, градоначалниците и советите на општините целосно ги губат своите ингеренции и овластувања.

Со блокадата на Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираат и изборот на новиот собраниски претседател кој единствено може да ги закаже локалните избори. Во вакви услови, кога нема нов датум за локалните избори, а градоначалниците и советите целосно ги губат своите овластувања, се доведува во прашање целокупната работа на Општините, како и работата на јавните претпријатија, училиштата, градинките, дневните центри за социјална грижа и сите установи под општинска надлежност.

Тоа значи дека:

– Граѓаните ќе останат без еднократната социјална помош што им следува по закон,
– Социјално загрозените лица ќе останат без субвенциите за комунални трошоци.
Ова значи егзистенцијален ризик за најранливите категории граѓани. Но и не само за нив.

– Врботните во општините ќе останат без плата,
– Вработените во училиштата, градинките, културните установи од локален карактер, како и вработени во противпожарните единици и во другите општински установи нема да можат да земаат плата,
– Привремено ангажираните работници во општините нема да може да го добијат својот паричен надоместок.
Ќе застане реализацијата на сите потреби на граѓаните.

– Нема да може да се издаваат одобренија за градба, решенија за легализација на бесправно изградени објекти и други слични решенија,
– Нема да има кој да потпише акти кои произлегуваат од општинските штабови за заштита и спасување, доколку е тоа потебно, со што се
доведува во ризик безбедноста и здравјето на граѓаните.
Укажуваме дека единствено Собранието на Република Македонија е овластено да донесува, изменува и дополнува закони. Уставниот суд не може да го реши проблемот. Поради тоа единствено решение на овој проблем што го создаде Груевски, преку Трајко Велјаноски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов, е итна деблокада на демократските процеси.
Потенцираме дека парламентарното мнозинство избрано од мнозинството граѓани на кредибилни избори, ја знае својата должност и нема да дозволи штети врз граѓаните и врз државните интереси.

Повикуваме Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од насилието и да овозможат да продолжат демократските процеси за да се избере нов собраниски претседател кој ќе ги закаже локалните избори, како и да се овозможи мирен трансфер на власта.

Секоја злоупотреба на службени овластувања, како и разгорување тензии и спроведување активности спротивни на граѓанските и државните интереси е сериозно кривично дело за кое што се одговара!“, изјави Дејан Павлески, претседател на Комисија за локална самоуправа на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата