Кошаркарите на шампионот МЗТ Скопје Аеродорм вечерва го претрпеа првиот пораз во Супер лигата откако загубија од Работнички на гости со 78:70.
Домаќинот предноста ја имаше во текот на целиот натпревар, а решавачка беше втората четвртина која Работнички ја доби со 19:10.
Најефикасни кај победникот беа Ѓорѓи Чековски со 19 поени и Димче Тасовски со 17, додека на натпреварот Шарлон Клоф од МЗТ Скопје постигна 20 поени.
На другите два дуела од 8.коло во Кавадарци Фени Индустри – Кожув 79:69, додека Карпош Соколи го совлада Куманово со убедливи 100:75.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 15 бодови, Карпош Соколи 14, Работнички 13, Кожув 10, Куманово 10, Фени Индустри 10.