СДСМ: Новата Влада ќе обезбеди висококвалотетни вакцини, Тодоров кој ги носеше по најниска цена заминува!

Од:

„Итно е потребна новата реформска Влада којашто ќе го заштитиздравјето на луѓето.

Недовербата на граѓаните во вакцините ја предизвика токму досегашната неодговорна, криминална власт во заминување од којашто е дел Никола Тодоров.

За децата набавуваа вакцини по најевтина цена, додека за скапите реклами со коишто корумпираа медиуми, бараа квалитет?!

Доцна е сега Тодоров да бара од граѓаните да веруваат вобезбедност на вакцините.
Никола Тодоров и раководството на ВМРО-ДПМНЕ единственото добро што можат и мораат да го направат за граѓаните, е да ја испочитуваат мнозинската волја, да ги деблокираат демократските процеси, да прифатат дека се опозиција и да овозможат да се формира новата Влада.

Во Програмата, новата реформска Влада се обврзува на достапност на висококвалотетни вакцини. Со тоа ќе ја вратиме и довербата во вакцините и ќе придонесеме кон превенција и вистинска заштита на здравјето на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски