Трамп: Нападот во Париз ќе и помогне на Ле Пен

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска оти верува дека нападот во Париз ќе и помогне на лидерката на Националниот фронт Марин ле Пен во нејзината трка за претседател на Франција.

Трамп истакна дека и покрај тоа што експлицитно не ја поддржува Ле Пен, нападот во Париз на неа „и оди од рака“.

– Таа има најцврст став кога станува збор за границите и за она што се случува во Франција. Тој што е најцврст по прашањата за радикалниот исламски тероризам и по прашањата за границите, добро ќе помине на изборите, наведе Трамп.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Трамп ги зголеми царините за Кина на 145 отсто

Горан Наумовски

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

ВИДЕО: Што ќе значи трговската војна на САД и Кина за светот