Хан: Доколку ЕУ се двоуми со Балканот, други ќе преземат ангажмани

Од:

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, предупреди дека доколку Европската Унија се двоуми во својата посветеност кон Балканот, некој друг може да се „ангажира“ во овој регион.

– Како што знаеме, политиката се гнаси од вакуум. Ако се колебаме во својата посветеност кон Балканот, некој друг може да се ангажира и тој некој веќе се обидува, рече Хан на Универзитетот Принстон.

Според него, проширувањето на ЕУ, со сите услови и критериуми, „е најдобрата безбедносна политика“ што Унијата кога било ја имала, но таа не е „бесплатен ручек“, пренесе Танјуг.

– Само локалните лидери можат да ја средат работата и да и ја претстават на своите граѓани. Тие мораат да ја преземат одговорноста и да градат врз веќе постигнатиот напредок, нагласи тој.

Мораме да видиме политичка волја место политички игри, и вистинско спроведување на реформите, не на хартија, туку на терен, особено во клучните области од владеењето на правото, конкурентноста и поврзувањето. Тоа може да ги загрози деловните модели на поединци, но стратешки, не постои алтернатива. Нивните граѓани тоа го знаат“, порача Хан.

Хан заклучи дека Унијата е „далеку најдобрата игра во градот“, но нагласи дека сите мораат да бидат подготвени да ја играат.

– Мораме да бидеме подобри и поцврсти во користењето на нашата мека моќ на привлекување. Не смееме да ја земеме здраво за готово. Европската гравитација може да биде сила на природата, но мора интелигентно да биде распоредена“, порача Хан.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија