Одбележан патрониот празник на штипската касарна Јане Сандански

Од:

По повод чествувањето на 102 годишнината од смртта на истакнатиот македонски револуционер и војвода Јане Сандански, денеска во штипската касарна, која го носи неговото име, се одржа пригодна свеченост.

Командантот на 2-рата механизирана пешадиска бригада, потполковник Горан Петрушевски во своето обраќање пред присутните, говорејќи за животот и делото на Сандански, пришто истакна дека се горди што нивен патрон е еден од најголемите броци за самостојна македонска држава.

– Неговиот идеал за создавање на самостојна, независна, слободна држава на македонскиот народ е наша стварност, но и света обврска да ја сочуваме крваво стекнатата слобода и државност, изјави Петрушевски.

Додаде дека денес единицата претставува воена сила достојна за почит, пополнета со професионален персонал, обучен за извршување на борбени задачи во сите услови и во согласност со стандардите на земјите членки на НАТО.

– Пред нас се безбедносни предизвици кои од сите нас бараат максимална подготвеност, умешност и патриотски однос кон татковината, истакна Петрушевски.

Во актуелниот момент врвен приоритет на припадниците на АРМ е справувањето со бегалската криза, заштитата на државната граница и обезбедување на воени објекти.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип