Црногорско МНР: Обвиненијата на Москва се дел од „специјалната медиумска војна“

Од:

Црногорското Министерство за надвореши работи ги отфрли како неосновани обвиненијата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за „антируската хистерија“ во Црна Гора.

Во Црна Гора не е регистриран ниту еден случај во кој руски бизнисмен или турист имал каква било непријатност, ниту пак во земјата постои какво и да е непријателско расположение кон рускиот народ. За тоа можат да сведочат илјадниците Руси кои се наоѓаат во Црна Гора, стои во соопштението.

Црногорското Министерство оценува дека тврдењата на Захарова се продолжение на „специјалната медиумска војна“ на Москва против Подгорица со познатиот мотив, против членството на Црна Гора во НАТО.

Синоќа, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија не ја исклучува можноста за провокации против руските граѓани во Црна Гора, вклучувајќи и приведувања врз основа на сомнителни мотиви и нивно предавање на трети земји.

– Во Црна Гора очигледно се создаде неповолна ситуација за Русите. При наглото влошување на билатералните односи, што беше испровоцирано од Подогорица, претстојното пристапување на Црна Гора во НАТО, одлуката на црногорските власти за целосно прифаќање на санкциите на ЕУ против Русија, забележуваме раст на антируското расположение. Согледуваме зајакнување на негативниот однос кон рускиот бизнис и кон нашите сограѓани. Не ја исклучуваме можноста за провокации, апсења врз основа на сомнителни мотиви и предавање на руски државјани во трети земји, главно во САД, истакна Захарова.

Таа нагласи дека поттикнувањето на русофобијата не е карактеристично за Црногорците и целосно лежи на совеста на политичарите во земјата.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

Руските трупи започнаа офанзива врз Суџа

(ВИДЕО) Објавенa новa военa мапa: Русите напредуваат во Курск