Крадци на акумулатори повредиле полицаец во Прилеп

Од:

Еден полицаец од Прилеп, кој бил на должност, синоќа бил повреден со нож од страна на крадци на акумулатори.

Како што соопшти денеска МВР, полицаецот синоќа во 20.50 часот на улицата „Марксова“ во Прилеп забележал две лица како вршат кражба на алумулатор, по што тргнал кон нив. Еден од сторителите, Р.Р. (42) од Прилеп, забележал дека им се приближил полицаецот и со нож замавнал кон него, нанесувајќи му расекотина во пределот на десната дланка, по што побегнал.

По преземените мерки, полициски службеници ги пронашле и привеле Р.Р. и неговиот 16-годишен син. Повредениот полициски службеник е пренесен и задржан во Општата болница Прилеп, каде му е констатирана телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски