Првиот човек на Независниот полициски синдикат изјави дека полицајците во караулите Танушевци и Гошинце немаат вода за пиење и се снаоѓаат сами полнејќи вода од селските чешми. Причината, како што рече тој, е тендерот кој очигледно или е запрен, или не е распишан.
-Колегите се јавуваат и прашуваат дали има можност Министерството да се заложи за нови тендери, оваа работа да се расчисти и да не се случи да се полни вода во канистери по селски чешми“ – рече Тодев.
Делчев Тодев дополни дека ќе почекаат да се реши проблемот, во спротивно најавија дека ќе побараат анализа на водата од санитарната инспекција.