„Хитлер Ти Благодариме за холокаустот“ осамна на еврејскиот меморијален центар во Ерусалим

Од:

На влезот во Јад Вашем, најголемиот меморијален центар во Ерусалим посветен на жртвите на холокаустот, утрово осамнал натпис на хеберејски кој го глорифицира нацистичкиот лидер Адолф Хитлер – јавува агнецијата Франц Прес.

Натписот „Хитлер Ти Благодариме за холокаустот“, пронајден е на самиот влез во меморијалниот центар. Полицијата не исклучува можност дека натписот е напишан од деца или вандали, но не исклучува ниту можност дека се работи за подлабоки мотиви.

Полицијата потврдила дека во палестинскиот кварт Шуафат во Ерусалим непознати сторители дупнале гуми на седум автомобили., односно дека имаат соменавање дека тоа го направиле припадници на израелските естремни десни формации кои ги напаѓаат Палестинците и муслиманските верски заедници.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците