Средба на вицепремиерот Адеми со евроамбасадорот Жбогар

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми денеска оствари редовна работна средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, на која било дискутирано за повеќе теми од европската агенда на Македонија.

На средбата вицепремиерот Адеми, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, накусо се осврнал на политичката состојба во Македонија и ги поздравил досегашните напори на Унијата за изнаоѓање излез од кризата.

Неодамнешните посети на високи функционери на ЕУ се доказ на заложбата и поддршката од страна на Европската унија за Македонија и нејзината eвро-атланска ориентација, се вели во соопштението.

Адеми, исто така, нагласил дека е важно, и во услови на продолжена внатрешна криза, да продолжат редовните активности поврзани со имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и реализација на проектите од ИПА програмата.

Вицепремиерот уште еднаш истакнал дека Република Македонија останува на стратешката определба за членство во Европската унија, бидејќи тоа е желба и интерес на сите граѓани, додавајќи дека обврска на политичките раководства е да работат на остварување на тие стратешки приоритети и да ја следат волјата на мнозинството граѓани, стои во соопштението од кабинетот на Адеми.

Двајцата соговорници, се додава, се договориле дека ваквите редовни работни средби треба да продолжат, во функција на координација на реформските активности поврзани со нашето идно членство во Европската унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата