(ВИДЕО) Рашиди до ВМРО-ДПМНЕ: Стратешки интереси ви почнуваат со Груевски, ви завршуваат со Мијалков

Од:

Пратеникот од Алијансата за Албанците, Сурија Рашиди, истакна дека 15 дена се зборува за тиранска платформа, Еди Рама и Зијадин Села, а изјавите на Села и Рама, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги читале наопаку.

– Велите дека декларацијата ги загрозува стратешките интереси на Македонија, а всушност е придонес за стабилизација на Македонија. 25 години протестирате против се, а многу работи се остварени и не гледам што е загрозено, рече Рашиди.

Тој праша зошто патриотите од ВМРО-ДПМНЕ, никогаш не протестирале за заштита на македонските интереси од она што навистина ги загрозува.

– Вас не ве интересираат стратешки интереси на Македонија. Вашите стратешки интереси почнуваат со вашиот лидер, завршуваат со неговиот близок роднина, рече Рашиди.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции