Победи за Олимпијакос и Реал Мадрид во кошаркарската Евролига

Од:

Екипите на Олимпијакос и на Реал Мадрид ги остварија првите победи во четвртфиналето од кошаркарската Евролига.

Реал Мадрид беше поуспешен од Дарушафака со 83:75, а најефикасен на натпреварот беше домашниот играч Серхио Љуљ со 23 поени. Решавачката предност Реал ја создаде во втората и третата четвртина (20:13 и 25:16).

Олимпијакос на домашен терен го совлада Анадолу Ефес со 87:72, пет играчи кај победникот постигнаа двоцифрен број поени.

Утре истите екипи ќе ги играат натпреварите број 2 од четвртфиналето.

Вечерва се играат вторите натпревари од дуелите: ЦСКА Москва – Басконија (1-0 во победи) и Панатинаикос – Фенербахче (0-1).

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска