Битолчанец се здобил со тешки телесни повреди изведувајќи градежни работи на верски објект на улицата „Климент Охридски“ во Охрид.
Педесет и едногодишниот Д.К. е пренесен со возило на Итната медицинска помош во болницата „Св. Еразмо“ каде му е укажана лекарска помош.
Несреќата се случила вчера во 14:30 часот, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.