Бизнис заедницата во Кичево се соочува со недостаток на работна сила

Од:

Бизнисмените од Кичево се соочуваат со недостиг на квалитетна работна сила, а луѓето кои не се во работен однос не сакаат да направат преквалификација или доквалификација, информира денеска Игор Соколески, претседател на Регионалната стопанска комора во Кичево.

– Покрај многуте проблеми со кои се соочуваат стопанствениците кои произлегуваат од тековното работење, една од клучните работи е немањето соодветен кадар. Со локалната самоуправа имаме одлична соработка, а директна помош може да ни пружи во делот на доизградба на инфраструктурата во индустриската зона „Иванидол“ и што поскоро планирање на уште една индустриска зона, истакна Соколески на денешната средба со медиумите.

Тој потенцира дека час поскоро ќе мора да се направи точна евиденција со каков невработен кадар располага општина Кичево.

– Потребно е да се изнајде начин локалната самоуправа преку своите институции да помогне во промена на образовниот систем во Кичево, односно да има што повеќе стручни школи. Со тоа ќе имаме обучен стручен кадар кој би го прифатиле компаниите и би му извршиле дообука, посочи Соколески.

Локалната самоуправа, додаде, може да помогне и во покренување на битните прашања за РЕК „Осломеј“ каде се уште не се решени имотно-правните односи во делот на Поповјани.

– Доколу се направат тие чекори би се отвориле уште работни места и би успеале да ги задржиме младите да останат тука, порача Соколески и нагласи дека иселувањето е една од причините за недостатокот на работна сила.

Би можело да ве интересира

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски