„Охридски комуналец“ со европски средства ќе разработува методи за производство на био-гориво

Од:

Јавното општинско претпријатие „Охридски комуналец“ ќе добие средства во износ од 600 илјади евра од ИПА фондовите за развој на Европската унија наменети за добивање био-гориво преку воведување соодветни методи за третман на отпад.

Станува збор за проект што Општина Охрид го реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, поточно Општината Лагадос, Државниот технички универзитет во Атина, Централниот сојуз на општини во Грција и Факулетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ од Охрид.

Средствата за проектот се обезбедени преку конкурс за финансирање прекугранични проекти од ИПА 2 фондовите за развој предвидени за периодот од 2014 до 2020 година

Оценка на локалните власти во Охрид е дека обезбедувањето законски и финансиски услови за одржливо управување со отпадот и третман на истиот ќе доведе до успешен економски развој на јавното претпријатие и намалување на дивите депонии во охридскиот регион.

– Ваквите активности ќе доведат до заштеда на енергија, бидејќи конвертирањето на био-отпадот во био-гориво ќе генерира одреден процент од вкупното количество на енергија што се троши за преработка на отпадот, се наведува во соопштението на Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство