ЦСКА Москва и Фенербахче постигнаа победи на првите четвртфинални дуели од четвртфиналето на кошаркарската Евролига.
ЦСКА Москва пред своите навивачи ја победи Басконија со 98:90 а најефикасен ан дуелот беше Милош Теодосиќ (ЦСКА) со 22 поена, додека на вториот дуел синоќа, Фенербахче победи на гостувањето против Панатинаикос со 71:58. Богдан Богдановиќ од Фенербахче дуелот го заврши со 23 поени.
Утре (четврток) се играат и вторите натпревар од овие четвртфинални дуели.
Вечерва на програмата се и првите дуели од четврфиналето меѓу Олимпијакос – Ефес Анадолу и Реал Мадрид – Дарушафака.