САД воведоа дополнителни санкции за седум ирански компании и пет експерти за нуклеарна физика, поради работење на развој на спорната нуклеарна програма што ја спроведува Техеран.
– Тие фирми и поединци се избрани бидејќи ја снабдуваат иранската Влада со средства, технологии и услуги кои ја зголемуваат способноста на Иран да збогатува ураниум, изјави Викторија Наленд, портпарол на Стејт департментот.
Меѓу петмината се и Фереидоун Абаси-Давани, шеф на Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI).