Земјотрес со јачина од 6.0 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Еквадор, соопшти американскиот Геолошки институт.
Како што се наведува, земјотресот ја погодил андската област, на околу 263 километри од границата со Перу.
Засега нема податоци за човечки жртви или за предизвикана материјална штета.