САД: Русија конечно ја сфати реалноста во Сирија

Од:

САД го поздравија „признанието“ на Русија дека сириските бунтовници може да успеат во своите напори за соборување од власт на претседателот Башар ал Асад и ги повикаа властите во Москва заеднички да водат мирна политика за транзиција во Сирија.

– Сакаме да истакнеме дека руската Влада конечно сфати како стојат работите и дека деновите на сирискиот режим се одброени, изјави портпаролката на Стејт департментот Викторија Наленд.

Според Наленд останува прашањето дали руската Влада ќе се придружи на меѓународната заедница, што соработува со опозицијата и се обидува да спроведе мирна демократска транзиција.

Заменикот министер за надворешни работи на Русија Михаил Богданов изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад се повеќе ја губи контролата во државата, дека постои можност опозицијата да победи, како и дека руската Влада работи на план за евакуација на своите граѓани од земјата доколку има потреба од тоа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина