Поднесена кривична за украдено железо во Кичево

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.М. (44) од Кичево и П.П. (55) од Прилеп.

Како што соопшти МВР, пријавените, казненото дело го сториле на 16-ти март оваа година од магацинот сопственост на АД „Жито Караорман“, лоциран во близина на бензиската „Лукоил“ на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Околу 10 часот, Г.М. и П.П. со товарно моторно возило влегле во кругот на АД „Жито Караорман“ и од магацинот одзеле претходно складирани метални предмети сопственост на претпријатието. Пријавените, за кратко време ги натовариле металните предмети во товарното возило и незабележани од никого избегале, а потоа истите ги продале во отпад за старо железо во Кичево.

Пријавените, според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се стекнале со противправна имотна корист оштетувајќи го претпријатието за околу 180.000 денари.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“