Единаесет јужноамерикански држави ја повикаа Венецуела да го гарантира правото на мирни демонстрации, два дена пред митинзи закажани во Каракас за и против режимот на претседателот Николас Мадуро.
– Ја повикуваме Владата на Венецуела да го гарантира правото на мирни демонстрации, соопштија Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Костарика, Гватемала, Хондурас, Мексико, Парагвај, Перу и Уругвај.
Од почетокт на април пет луѓе загинаа и стотици беа повредени во антивладини демонстрации во Венецуела. Мадуро вчера објави дека војници ќе бидат распоредени во државата имајќи ги предвид демонстрации на опозицијата закажани за утре.