БТА – Софија
Темата за лажните вести, како да сфатиме која вест е лага и како да се бориме со тоа, ја коментира за БТА Вени Марковски, претседател на УС на Интернет општество – Бугарија.
Тој подвлекува дека Меѓународната федерација на библиотекарски асоцијации и институции (МФБАИ) создала табела која им олеснува на луѓето и корисниците за откривање на лажните вести.
Според МФБАИ, има барем осум начини да се провери една информација.
-Кој е изворот – повери кој е сајтот, неговиот сопственик, и тн.
-Прочитај повеќе од насловот – често насловот е сензационален, но инфорцијата во статијата не одговара на насловот
– Провери кој е авторот – провери дали е продуктивен автор или измислен
-Извори – провери какви извори се цитирани во самата статија, дали тие самите заслужуваат доверба
-Провери го датумот на објавата – често стари вести се рециклираат и пуштаат како нови, дури и ако веќе не се актуелни
-Дали е шега – можно е објавената вест да е сатира, добро е да се провери авторот
-Проверка на објективноста – дали тоа кое го знаете за определена тема не влијае врз ваша проценка за тоа
-Прашајте експерти – побарајте некој експерт за темата за да ви каже дали информацијата е точна или не, подвлекува експертот. Вени Марковски посочува дека најлесно е да се започне со проверка на изворите.
Кога треба да се маркираат изворите како сомнителни, неточни или нечесни со аудтиториумот?
Не е толку тешко да се одговори на ова прашање. Ако читате статија во некое онлајн издание, во која се содржи очигледно неточна информација, но на сајтот статијата продолжува да стои без во неа да има објавено прецизирање дека кој било дел од статијата бил невистински или неточен, дека редакцијата жали и се извинува заради тоа, и дека виновниот автор е казнет, тоа би требало таквото издание да се смета за сомнително. Читателите не треба да се изложуваат на такви изданија, и би било во ред таквите изданија да ставаат во „наводници“, за да можат нивните пријатели да знаат дека станува збор за сомнителни извори на информации, а можеби и на лажни вести, посочува Марковски.
Соодветното на насловот со информацијата во самата статија
Типичен пример: сензационални наслови, на пример, за пораст на цените. Но во статијата не се соопштува дека некаква парламентарна комисија разгледувала предлог закон кој некогаш евентуално бил приложен, но не се соопштува дека тоа е само предлог, дека се прифаќа на крајот на мандатот на Националното собрание, и нема да има доволно време тој предлог да стане закон, ниту пак има приложен амандман за тоа од каде ќе дојдат дополнителните средства. Секој може да пребара на интернет по клучни зборови „растат“, „пензии“, „парламентарна комисија“, (без наводниците) и да се увери дека таквите наслови ги гледаме веќе со децении и не се монопол само на еден весник.
Има ли начин да се дознае кој е авторот и какви интереси пренесува?
Во некои случаи тој начин на ширење на лажните вести е многу лесен – ако авторото е искусен новинар, кој не еднаш објавувал сериозни материјали, малку е веројатно тој да го доведува својот аудиториум во заблуда. Многу е вашно да се рзликува личното мислење од информативна статија. Има познати новинари кои одамна не пишуваат информативни материјали, туку објавуваат лични мислења. За обичниот читател, слушател или гледач, тоа можеби не е значајно, но авторите кои ги почитуваат правиулата на новинарската етика не би ги помешале личното мислење со објавување на фактите, истакнува Марковски.
Што значи проверка на изворите и треба ли читателот да се занимава со таква проверка?
Вообичаено не е неопходно, особено ако веќе некој се сомнева затоа што изворот не е веродостоен, насловот е сензационален или авторот е непознат. Проверката на датумот е нешто елементарно, но иако е задолжение на секој медиум и читател, многу често се случува стари сензации да се појават како нови. Многу често аудиториумот ги примат вестите преку своите познанија за зададена тема. Старото правило на интернет е дека не се спори со човек со веќе оформено мислење – независно од фактите и аргументите кои се користат тие нема да си го сменат мислењето. Мислењето е над сите факти, следствено и на една статија која не одговара на предубедувањето и субјективното мислење, со кои се отфрлаат историските факти, и е во состојба да оцени една вест како лажна, коментира експертот.
Ако се уште се чудите дали веста е лажна или не, директно можете да побарате мислење од експерт по темата. Единствен проблем во овој случај е што кај нас многу често експертите се обидуваат да нарушат некои од начините за определување на вистинитоста на една или друга вест – обично тоа се случува заради нивната субјективна оценка. Сепак, поопределени теми постојат луѓе кои се докажале како експерти и нивната оценка може да биде прифатена како меродавна, подвлекува Марковски.
Има ли смисла да се бориме со лажните вести?
Секој кој ќе налета на лажна вест порано или подоцна ќе стане нивна жртва. Ако читателот види лажна вест, тој треба да ја коментира имено како таква. Доволно е да се востанови дека е лажна, кростејќи биуло кој од горе наведените начини за да се почувствуваат задолжени да реагираат. Молчењето пред лажливите повици води до нивно незадржливо ширење и до можноста уште повеќе луѓе да им поверуваат, вели експертот.
Понекогаш пак лажната вест се шири од познати лица – политичари, општественици и дури тогаш експертите се чудат дали да се обратат и да си создадат некакви проблеми, коментира Марковски.
Смисла да се бориме против лажните вести има – и таа е голема
Смислата е тоа дека добро информирано општество е потешко за манипулирање, не се подведува лесно и си ги заштитува правата, вклучително и правото на достап до информации за дејствијата на власта. Обратно- општеството кое верува на лажните вести може да се прелаже да поверува и на лагите на тие кои управуваат, не се однесува критично кон нив, и како резултат на тоа основните уставни права ќе бидат нарушени, посочува експертот.
Смислата е и во тоа дека независните медиуми и агенции се меѓу главните столбови на правната и демократска држава. Без нив ситуацијата во државата во глобалната клсификција по слобода на говорот и независноста на медиумите ќе стане уште потажна.
За среќа, во Бугарија се уште има независни медиуми и агенции (меѓу кои е и БТА), од каде можеме да црпиме информации за се реално што се случува, а не за евентуалното. За вистината, а не како злонамерно чергиче за бришење чевли пред порта.