ОЈО – Скопје работи на расветлување на убиството на малолетникот на Матка

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредби за спроведување истражна постапка против две 19-годишни лица, осомничени за вчерашниот кривично-правен настан на скопска Матка, во кој при тепачка беше убиено едно малолетно лице.

– Едното лице е осомничено за сторено кривично дело – Убиство, од член 123 од Кривичниот законик, додека второто е осомничено за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 од Кривичниот законик. Двете лица се лишени од слобода и против првото до судија на претходна постапка ќе биде поднесен Предлог за определување мерка притвор, додека за второто лице ќе бидат предложени мерки за претпазливост, соопшти Основното јавно обвинителство.

Во исто време, додава ОЈО, надлежниот јавен обвинител работи на целосно расветлување на мотивите за кривично-правниот настан, во кој освен убиеното момче, било повредено уште едно лице во блиско крвно сродство со убиениот. За таа цел издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, наредби за ДНК-анализа, како и наредби за вештачење на сите траги и предмети пронајдени на местото на настанот, а кои се во врска со кривично-правниот настан.

– Освен двете осомничени лица, обвинителот сослуша и други три лица испитувајќи ги околностите во кои се случил настанот, наведува ОЈО во соопштението.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје