Ранет и братот на момчето убиено вчера на Матка

Од:

Момчето кое вчера го уби со нож 17-годишното момче на Матка, го ранил и неговиот брат, соопшти денеска полицијата.

Вчера околу 15 часот на улицата „1“ пред браната Долна Матка и раскрсницата со споредниот пат кој води на долниот паркинг настанала меѓусебна расправија помеѓу лицата А.Е. (18), Џ.С. (18) и уште едно лице на возраст од 16 години сите од селото Шишево, од една страна и од друга страна 16-годишен малолетник од селото Сарај, Скопско, по што тој бил физички нападнат.

За кратко време со скутер дошол неговиот брат кој бил на иста возраст и тогаш настанала меѓусебна тепачка. Во еден момент А.Е. извадил нож со кој замавнал и го повредил малолетникот нанесувајќи му посекотина во пределот на левата страна на градите. Потоа А.Е. со ножот го пробол и неговиот брат, кој претходно дошол со скутер, во пределот на десната страна на градниот кош, при што истиот паднал на асфалтот и починал.

Екипа на Итна помош констатирала смрт. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на ЈО, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција. Во Полициската станица Ѓорче Петров приведен е Е.А. за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето