А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Две лица во серија кражби низ Скопје украле преку 2,7 милиони денари

by А1он16/04/2017 - 12:3473
Share0

СВР-Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицата Б.В. (29) од Дебар и М.Ј. (21) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршиле вкупно 21 кривично дело – „тешка кражби“ предвидено и казниво по член 236 од кои едно во врска со чл.19 од КЗ на РМ со што се стекнале со противправна имотна корист во висина од околу 2.763.500 денари, а причинале материјална штета во висина од 36.000 денари.

Добивај вести на вибер

Пријавените кривичните дела ги извршиле во временски период од средината на ноември до крајот на декември минатата година на подрачјето на град Скопје, претежно во попладневните часови, во вкупно 21 објект од кои пет куќи и 16 станови на подрачјето на Аеродром, Центар, Карпош и Ѓорче Петров.

Откако ќе се увереле дека нема да бидат забележани од никого, пријавениот Б.В. со употреба на физичка сила и погоден предмет (штафцигер) ги отварал балконските врати или прозори по што сам влегувал внатре, извршувал претурање и пребарување, одземал пари и златен накит и незабележан од никого го напуштал местото на настанот заедно со пријавениот М.Ј. кој надвор чувал стража.

Одземените предмети Б.В. ги продавал во неколку златари лоцирани во Старата скопска чаршија, а паричните средства заедно со М.Ј. ги трошеле за свои потреби.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, пријавените се лишени од слобода и во просториите на ПС ОН Аеродром извршен бил разговор во кој истите во целост го појасниле начинот на кои ги извршувале кривичните дела.

crna hronikaskopje

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он15/12/2025 - 19:32

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски13/12/2025 - 13:5413/12/2025 - 14:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен