Демократски сојуз: Честит Велигден

Од:

„Демократскиот сојуз на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Христосовото Воскресение – Велигден, со најискрена желба празничните денови да ги поминеме во добро здравје, духовен и сеопшт мир и спокој во секоја човечка душа.

На овој голем празник се потсетуваме на жртвата која ја даде Исус за сите ние да имаме вечен живот. Воскресението Христово е доказ на Божјата љубов кон човекот и триумф на животот над смртта. Токму затоа, овој празник ни дава радост и нова надеж, не поттикнува на добри дела и почитување на духовните вредности, посочувајќи дека сме сите исти пред Бога и дека почитувањето на различностите, семејните вредности и човечката добрина секогаш се возвраќаат.

Предизвиците што ги носи животот, треба да не направат посплотени и помудри во нашите постапки. Со чиста мисла и добра душа да придонесеме за подобар живот на другите и заеднички да се залагаме за благосостојба и просперитет на сите граѓани на Република Македонија.

Нека ни е среќен и вековит празникот! Христос воскресна! Навистина воскресна!“ се вели во соопштението на Демократски Сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски