ВИДЕО: Нова тепачка во украинскиот парламент

Од:

Откако синоќа се истепаа меѓусебно при обидот за избор на новостариот премиер Микола Азаров, украинските парламентарци денеска повторно разменија удари кога на дневниот ред пристигна изборот на Владимир Рибак за претседател на парламентот.

Нападот го почнаа опозициските претставници, кои во група дотрчаа до претседателскиот стол, се со цел физички да го спречат гласањето. Засега нема податоци за евентуално повредени, но хаотичната седница веднаш беше прекината.

Како и синоќа, боксерскиот шампион Виталиј Кличко очигледно водеше сметка за здравјето на потенцијалните противници во борбата во општиот метеж, па затоа целата физичка пресметка ја набљудуваше од страна. Инаку, тој е лидер на партијата УДАР, која синоќа, исто така, жестоко се бореше против именувањето на старите кандидати на прорускиот претседател Виктор Јанукович.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски