Момче избодено со нож на Матка

Од:

Седумнаесет годишниот Х.И. е убиен денеска во село Матка, Скопско, од страна на Е.А. (2000) со нож во меѓусебна тепачка.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил околу 15 часот на влезот од селото Матка при што Е.А. го прободел со нож во пределот на градниот кош малолениот Х.И., кој починал на самото место.

Лицето можен сторител е приведено во полициската станица „Ѓорче Петров“ и се работи на расчитување и документирање на настанот, изјавија од МВР.

Засега од МВР потврдуваат дека во тепачка учествувале две момчиња. Не се познати причините и мотивот за расправијата која потоа прераснала во тепачка со трагичен крај.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош