Две момчиња повредени откако се обиделе да се фотографиират на вагон-цистерна

Од:

Две малолетни момчиња вчера се здобиле со повреди од струен удар, обидувајќи се да се фотографиират на вагон-цистарна.

Вчера околу 15.50 часот во Скопје, во депото на Македонски Железници, 14-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна со намера да се фотографира. Но, кога се доближил до електричниот вод, кој е под висок напон, бил удрен од струен удар и притоа се здобил со тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош малолетникот бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде е задржан на понатамошно лекување.

Неколку часа подоцна во истото депо 15-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна сакајќи да се фотографира. Но, кога се доближил до електричниот вод, кој е под висок напон, бил удрен од струен удар и притоа здобил со тешки телесни повреди. И тој завршил на лекување на скопските клиники.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски