Во тек склучувањето договори меѓу тутунарите и откупувачите

Од:

До крајот на месецов треба да се знае колку тутунопроизводители ќе склучат договори со монополите за претстојната реколта.

Тутунарите ги подигнаа евидентните листови во кои ги најавуваат површините за новото производство. До крајниот рок што истече на 31 март, беа побарани 23.400 евидентни листови или речиси исто како лани.

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), електронското водење на евиденцијата за секоја парцела го намали бројот на двојни и тројни договори што производителите ги склучуваа со повеќе претпријатија, но и ги натера откупувачите да побрзаат со потпишувањето на договорите пред завршувањето на законскиот рок, 10 април.

Тутунарите до крајот на март го пријавуваа новото производство во подрачните едниници на МЗШВ, пред да потпишат договор со откупувачите.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше