Внук ја убил својата баба во Прилеп

Од:

Триесетгодишниот М.М. од Прилеп, ја убил неговата баба. Тој прво се обидел да ја задуши, а откако не успеал во тоа со метален боксирач ја удрил во пределот на главата, по што починала, информираат од МВР.

Синоќа околу 23.00 часот во Прилеп на ул.„Борка Медаро“, во куќата на К.М. (79), нејзиниот внук М.М. (30) влегол во нејзината спална соба и со перница се обидел да ја задуши. Истата се разбудила, почнала да дава отпор и успеала за момент да го оттргне од себе. Потоа М.М. извадил метален боксирач и неколку пати ја удрил во пределот на главата, по што истата починала. По еден час од настанот М.М. сам се пријавил во ПС Прилеп.

Смрт е констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп. М.М. е задржан во полициската станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски