Најмалку 24 лица загинаа, а девет беа ранети вчера во експлозија на камион цистерна, која се судри со автобус во јужниот дел на Мексико, јавија локалните власти.
Несреќата се случила на магистрала на границата меѓу сојузнте држави Гереро и Мичоалан, соопшти цивилната заштита на Гереро.
Сударот меѓу камионот и автобусот предизвика силна експлозија. Возачот и двесетина патници во автобусот загинале како последица на здобиените изгореници.