„Св. Апостол Павле” ќе соработува со Универзитетот СОКА од Токио

Од:

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” од Охрид и Универзитетот СОКА со седиште во Токио денеска во Јапонија потпишаа меморандум за соработка.

Како што соопшти Охридскиот универзитет, документот во просториите на СОКА го потпишале амбасадорката на Македонија во Јапонија Андријана Цветковиќ, во име на ректорот Нинослав Марина, и претседателот на Универзитетот СОКА, Јошихиса Баба.

– Меморандумот предвидува соработка помеѓу универзитетите преку размена на студенти и професори, соработка на истражувачки проекти и публикување на резултатите. Во текот на годината висока делегација од Универзитетот СОКА ќе го посети Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” Охрид, по што ќе започне и предвидената студиска размена, соопшти Охридскиот универзитет.

Амбасадорката Цветковиќ изразила задоволство од потпишувањето на Меморандумот, истакнувајќи дека тој ќе придонесе за зајакнување на соработката во образованието и зајакнување на билатералните врски меѓу Република Македонија и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник