УЕФА развоен турнир во Скопје: Македонија против Израел, Романија и Лихтенштајн

Од:

Фудбалската федерација на Македонија од 18 до 23 април е организатор на УЕФА развоен турнир за репрезентации до 16 години. Покрај нашата селекција на турнирот кој го организираме на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе учествуваат и репрезентациите на Романија, Израел и Лихтенштајн.

Горан Станиќ кој ја предводи репрезентацијата на Македонија до 16 години за овој турнир ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Димитрија Герасимовски (Њу Старс), Матеј Андов (Вардар);

Одбрана: Божидар Митревски (Работнички), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Диме Тодоровски (Работнички), Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Борис Јакимовски (Работнички), Ален Личина (Работнички);

Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Ален Јусуфов (Рапид Виена, Австрија), Бојан Димовски (Вардар), Кире Трпчевски (Њу Старс), Џемал Ибизи (Металург), Куш-трим Таири ( Шкендија), Агон Елези (Шкупи), Влада Новевски (Војводина), Бесир Бефтијари (Теплице, Чешка), Амар Колашинац (Олимпија, Словенија);

Напад: Давид Тошевски (Работнички), Ариф Ибраим (Академија Пандев).

– Овој турнир ќе го искористиме како подготовка за октомвриските квалификации за пласман во елитната фаза на УЕФА. За мене е многу важно да видам како ќе изгледа тимот на овие три натпревари против Израел, Романија и Лихтенштајн бидејќи се друго до октомври ќе биде надополнување и финална подготовка за квалификациските дуели против Словачка, БиХ и Молдавија. Израел е фаворит за првото место, многу поквалитетна репрезентација од Романија и Лихтенштајн, но ние сме домаќини и ќе се обидеме да се надигруваме со сите, истакна Станиќ.

Првиот натпревар Македонија до 16 години го игра на 19 април во 15:30 часот против селекцијата на Лихтенштајн.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ