Поради немање нафта без греење останаа вработените во општината во Охрид

Од:

Вработените во локалната админстрација во Охрид и подрачните министерства работеа во ладни простории, затоа што радијаторите со кои се загрева зградата каде е сместена општината и подрачните одделение на повеќе министерства, управата за јавни пригходи, катастарот останаа незагреани.

Портаролот на локалната самоуправа во Охрид Симон Илиевски за А1 рече дека причина за новонастаната состојба е што минисерствата и останатите државни институции навреме не обезбедиле нафта за своите подрачни одделенија во Охрид, кои се загреваат преку заедничкиот систем за парно греење.

„Ние со подрачните министерства имаме договор според кој секој во вкупната набавка на нафта учествува според просторот кој го користи во зградата.Општината користи една третина од вкупниот простор.Планот предвидува кој кога треба да става нафта во заедничкиот котел, но државните органаи минатата година истиот не го почитуваа.Општината на двапати ставаше нафта со која се грееше цела зграда.Со овој потег се прават опструкции врз вработените во министерствата и општината“ вели Илиевски.

Илиевски додава дека поради ваквата ситуација министерствата не само што ги ставија во незавидна состојба вработените во општината туку и сопствените вработени.Иако денес работното време се одвиваше нормално невозможно е да се работи во студени простории на ниски температури.

Ако има евентуално скратување на работното време утре тоа негативно ќе се одрази врз самите граѓани додава Илиевски.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски