СДСМ: Ако сте јунаци прифатете ТВ-дуел со Хари Локвенец

Од:

Доколку сакате да споредуваме идеи и кадар, кажете го вашиот кандидат за градоначалник и прифатете ТВ-дуел со Хари Локвенец. Доста ги оптоварувате прилепчани со вашите нарачани анкети, кои немаат допирна точка со реалноста, овој пат ниту тие нема да ве спасат од поразот на следните избори, тврдат од најголемата опозициска партија.

– Вашата лажна дужегрижност и лицемерие, за составот на идните советнички групи, насочете ги кон вашите советнички листи, за кои сме сигурни дека ќе ги составите исклучиво по роднинско-пријателски врски. Впрочем како и секогаш, обичните членови на ДПМНЕ се оставени на маргините и за листи и за вработување. Во недостиг на проекти и идеи, а со цел да ги покриете лажните и неисполнети ветувања на Марјан Ристески, како и проблемите и паниката во вашите редови, продолжувте со празни и безидејни пресконференции да го злоупотребувате вниманието на јавноста – велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски