Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките за четвртфиналето во националниот куп во женска конкуренција.
Според Пропозициите, се игра еден натпревар, а победниците од четирите дуели ќе обезбедат пласман на „Фајнл Фор турнирот“.
Четвртфиналните натпревари во Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се играат на 19 и 20 април 2017 година.
Извлечени парови:
Гевгелија – Овче Поле,
Вардар СЦЈС – ЖРК Вардар,
Куманово – Металурги
Прилеп – Пелистер