Уапсен е скопјанецот А.В.(32) познат како „Нинџа“ од страна на полицијата које е осомничен дека минатата недела пукал во сведокот за случајот „Детонатор“, Драганчо Стојменов и доби 30-дневен притвор.
Полицијата допрва ќе утврдува дали постои поврзаност на сега осомничениот со притворената група од акцијата „Детонатор“ за што според обвинителството Стојменов е клучниот сведок.
Минатата недела беше направен четврти обид за ликвидација на Стојменов, според неговото сведочење, претходните обиди ги направиле двајца сега притворени, на кои им се суди за „Детонатор“.