Општина Центар ги избра најдобрите бизнис планови за млади претприемачи

Од:

Шест проекти – бизнис планови од млади претприемачи кои конкурираа во рамките на проектот на општина Центар, “Месец на претприемништво“, се наградени од општината со парични награди во висина од 25.000 денари поединечно.

Комисијата која ги оценуваше проектите смета дека бизнис планот “Рециклирај и добиј бонус“ може да биде вклучен во идните планови на општината, како проект со најсилна компонента на општествена одговорност за намалување на загаденоста на животната средина.

Целта на проектот е да се рециклира искористеното масло за јадење од домаќинствата, преку поставување на машини за собирање на употребеното масло во два супермаркети во општина Центар. Граѓаните кои ќе го донесат маслото, ќе добијат награда во вид на парични средства, а истото ќе се продава на компании што произведуваат гориво, што е направено исклучиво од употребено масло или биодизел.

Овој проект е активност на Советот на млади на општина Центар и Канцеларијата за млади на општина Центар.
Претходно, беше одржана обука за младите претприемачи, на кој учесниците беа запознаени со основите за претприемништво, основање и водење на бизнис и успешни приказни на глобално и локално ниво.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски