СДСМ: Народот е новата влада што ќе се формира многу брзо

Од:

СДСМ во пишаната реакција на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, наведува дека тој „не е народот и оти народот е новата влада што ќе се формира многу брзо“.

– Никола Груевски знае дека повеќе не е фактор и затоа измислува непостоечки теми, поттикнува нестабилност, ги вознемирува. Мисли дека така може да стане фактор. Сака да седне на преговарачка маса и да се пазари за амнестија, стои во соопштението.

Според СДСМ, промени и правда ќе има и итно е потребен мирен трансфер на власта.

– 700.000 граѓани преку своите 67 избрани пратеници формираа легитимно парламентарно мнозинство. Парламентарното мнзинство застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев како мандатар. Тој ја објави Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија. Следен чекор во демократскиот процес е избор на нов собраниски претседател и формирање нова реформска Влада на граѓаните во брзо време, се наведува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?