САД, Мексико и Канада бараат заедничка организација на СП 2026

Од:

Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада подготвуваат заедничка кандидатура за организација на фудбалскиот Мундијал во 2026 година.

Според континенталната ротација на ФИФА, Светското првенство во 2026 година би требало да се одржи во овој регион, бидејќи последен пат во Северна Америка, Светското првенство се одржа во 1994 кога домаќини беа САД.

Доколку кандидатурата биде прифатена тоа ќе биде прв пат три држави да го организираат Мундијалот, кој во 2026 ќе биде историски, бидејќи ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 48 репрезентации.

Официјалниот процес за поднесување на кандидатурите започнува кон крајот на 2017 година.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ