Во февруари годинава се издадени 363 одобренија за градење со кои се предвидува изградба на 705 објекти со вкупна корисна површина од 72.177 метри квадратни со предвидена вредност од 6.369.524 илјади денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2017 се издадени за 8,4 отсто повеќе одобренија за градба во однос на тој месец од претходната година, а предвидената вредност на објектите е за 8,5 отсто повеќе.
Од издадените одобренија за градење 73 проценти или 265 објекти се високоградба, а 25 или 6,9 проценти објекти од нискоградба. Седумдесет и три или 20,1 отсто се одобренија за објекти за реконструкција.