Иницијатива за референдум во Валандово за рудникот „Казандол“

Од:

По гевгеличани, кои на 23 месецов на референдум ќе се изјаснат дали се против или за отворање рудник за злато на планината Кожуф, и валандовчани најавуваат дека ќе покренат иницијатива по пат на референдум да се изјаснат дали да се стопира изградбата на рудникот за производство на катоден бакар „Казандол“.

Иницијативата ќе ја покренат граѓански активисти кои сметаат дека населението не било доволно информирано за последиците од рудникот по здравјето на луѓето и животната средина.

– Никогаш не е доцна да се покрене ваква иницијатива затоа што сметаме дека не сме доволно информирани за се што се случува и што ќе се случува и оти ќе има загадување од кое ќе се уништи земјоделтвото и здравата животна средина во регионот, вели граѓанската активистка Катерина Каракотева.

Од локалната самоуправа тврдат дека добиле гаранција од инвеститорот дека ќе биде вградена најсовремена опрема за заштита на животната средина.

– Рудникот нема да проработи се додека не биде инсталирана најсофистицирана опрема за заштита на животната средина.Тоа го бара и Министерството за животна средина кое е должно на ниво на Македонија да се грижи за здравјето на луѓето,и зјави градоначалникот на Валандово Николче Чурлиновски.

Би можело да ве интересира

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин

Автомобил тешко повреди 67-годишен пешак

Им ја запалил влезната врата, кога излегол сопственикот го испрскал со спреј – уапсен 23 годишник во Валандово

Анита Петровска Рајковиќ

56-годишен маж од Валандово пронајден починат во својот дом

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

A1on