Поранешен гувернер на мексиканска сојузна држава уапсен во Италија

Од:

Италијанската полиција соопшти дека го уапсила поранешниот гувернер на мексиканската сојузна држава Тамаулипас, Томас Јарингтон Рувалкаба (59), по кого беше распишана меѓународна потерница.

Во полициското соопштение не е наведено кога и каде е уапсен поранешниот угледен мексикански политичар.

Јарингтон Рувалкаба е обвинет за корупција и за примање поткуп од милиони долари од нарко картелите, за да не го попречува шверцот на дрога низ сојузната држава во која тој беше гувернер.

На гувернерската функција Јарингтон Рувалкаба се наоѓаше од 1999 до 2005 година, а во бегство беше безмалку пет години.

Мексиканските власти за добивање информации за тоа каде се наоѓа некогашниот гувернер распишаа награда од 15 милиони мексикански пезоси или околу 800 илјади американски долари.

Тој беше и на листата на лица по кои трагаат американските правосудни власти. Во САД екс-гувернерот Јарингтон Рувалкаба беше обвинет за перење пари.

Пред своето бегство, Јарингтон Рувелкаба беше истакнат член на владејачката мексиканска Институционална револуционерна партија (ПРИ), од која беше исклучен откако против него беа покренати обвиненијата.

Освен тој и двајца други поранешни гувернери, и двајцата од редовите на владејачката ПРИ, се наоѓаат од бегство. Двајцата се обвинети за корупција и за врски со нарко картелите.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел