Македонски железници одбележува 144 години од основањето

Од:

Македонски железници бележи подобрување на обемот на работа, за 30 проценти е зголемен товарниот железнички превоз, а со зголемено темпо функционира и патничкиот сообраќај, по двонеделната блокада од страна на вработените во февруари годинава, изјави за МИА Игор Коруноски, в.д. директор на МЖ Транспорт.

По повод Денот на железничарите – 9 Април и 144 години од основањето на МЖ денеска железничкото претпријатие организираше прием за коминтентите, како и традиционални спортски игри за вработените.

Коруноски најави дека во текот на неделава вработените ќе го добијат вториот дел од платата за февруари, а целосно се исплатени надоместоците за поминат километар на машинскиот персонал.

Во функција се и новите возови, кои веќе сообраќаат и на последната непокриена линијата со нив, Скопје-Гевгелија. Почнати се активности за дизјан и производство на новите четири електролокомотиви, кои треба да се набават од кинеска CSSR и треба да стасаат до крајот на годината. Во полна пареа се работи на обнова на депото за одржување и сервис на железничките возила во МЖ Транспорт, информира Коруноски.

Во февруари годинава во МЖ пристигна последниот од шесте нови патнички возови набавени од CSSR. Претходно возниот парк беше обновен и со 150 товарни вагони. Од 1312 товарни вагони во инвентарскиот парк на МЖ Транспорт моментно се работи со 600.

Вкупно во МЖ Транспорт, во МЖ инфраструктура и Колска Велес, кои ги сочинуваат Македонски железници, работат околу 3.000 лица.

На 9-ти април 1873 година од Солун во Велес пристигна првиот воз. Оттогаш 9-ти Април е прогласен за ден на македонските железничари.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on